Башкими ја продолжи соработката со седум фудбалери, Силекс со Анѓелески

Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, Башкими го заокружува и играчкиот кадар за враќањето во елитата.

По именувањето на Муарем Муарем за нов тренер, сега е продолжена соработката со седум досегашни стандардни првотимци, Филип Алексовски, Самет Реџепи, Амир Јашар, Ардит Демири, Борјан Пановски, Муарем Мислими и Емир Асани.

Во меѓувреме течат и засилувањата, а како едно од нив најавен е досегашниот фудбалер на Беса, Арменд Алими.

И кратовски Силекс информираше дека ја продолжи соработката со Дарко Анѓелески, кој во претходните три сезона за клубот настапи на 82 натпревари во ПМФЛ, постигнувајќи два гола, а запишувајќи и пет асистенции.

Силекс го очекуваат настапите во квалификациите за УЕФА Конференциската лига. Кратовци во првото коло се соочуваат со Дечиќ од Црна Гора. Првиот натпревар се игра на 10 јули на гости, а реваншот е на 17 јули во Скопје.

Се вчитува...