Баскиското дерби за Атлетик Билбао: Го совладаа Сосиедад со 4-0 (ВИДЕО)

Многу возбудувања, многу голови, промашен пенал и борба го одликуваше и вечерашното баскиско дерби. Го доби Атлетик Билбао, кој го „растури“ Реал Сосиедад со 4-0 и со резултат, и со игра, и со шанси.

По првиот дел немаше голови а за тоа „виновник“ беше Муниаин кој не реализираше пенал во 32. минута.

Сепак, во вториот дел за само 20 минути Билбао реши се во своја корист. „Гол-шоуто“ го почна Вивиан со гол во 68. минута, а во 72. минута Санцет донесе 2-0. Вилијамс во 80. минута зголеми на 3-0, за во 89. минута Муниан да се извади за промашениот пенал и ги постави конечните 4-0.

Се вчитува...