Легендарниот аргентински напаѓач Габриел Батистута застана во одбрана на Гонзало Игуаин, кој одлучи да ја заврши репрезентативната кариера. Популарниот Габи – гол смета дека Игуаин заслужува поголем респект од јавноста во неговата земја.
„Тој е одличен напаѓач. Некои голгетери ќе промашат 200 шанси, но ќе постигнат два или три гола и ќе останат запаметени по нив. Гонзало е од оние другите. Тој има постигнато 200 гола во кариерата, но во погрешен момент нема реализирано две или три шанси. И цела Аргентина тоа му го памети. Мислам дека сите ние треба да покажеме поголем респект за одличниот напаѓач“, изјави Габриел Батистута.
Гонзало Игуаин одигра 75 натпревари во дресот на Аргентина и постигна 31 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА