Батлер побара трејд од Минесота, три клуба на листата на желби

Искусниот кошаркар на Минесота тимбервулвс, Џими Батлер, побарал трејд од тимот.

Според информацијата што беше објавена во американските медиуми, Батлер наводно во Минесота доставил список со три тима во кои би сакал да ја продолжи кариерата.

Кошаркарот во вторникот се сретнал со тренерот Тим Тибодо и тогаш му кажал дека сака трејд, а посакувани локации  му се ЛА клиперс, Њујорк никс и Бруклин нетс.

Договорот на Батлер истекува на крајот од претстојната сезона. Од тој аспект, на Минесота ќе и биде исплатливо да го трејдува во некоја од овие екипи.

Амерканските медиуми наведуваат дека една од причините зошто Батлер бара трејд од Минесота е несогласувањето со младата ѕвезда во тимот, Карл–Ентони Тaунс.

Се вчитува...