Батшуаи дебитираше со два гола, Шурле со мајсторија донесе победа за Борусија

Мичи Батшуаи на извонреден начин дебитираше за Борусија Дортмунд, со два погодоци во победата на „милионерите“ од 2-3 на гостувањето против Келн во 21. коло од Бундеслигата.

Батшуаи дојде како замена за Обамејанг од редовите на англискиот првак Челси и веќе во првиот меч, по само 35 минути игра, го постогна првиот гол во дресот на „милионерите“.

Во второто полувреме погоди и во 62. минута за 1-2, откако претходно домашните израмнија.

Келн потоа со голот на Мере во 72. минута израмни на 2-2, но конечната победа за Борусија ја донесе Шурле со прекрасниот гол во 84. минута.

По оваа победа, Борусија Дортмунд со 34 бода се искачи на делба на втората позиција со Баер Леверкузен и Шалке, кои имаат и натпревар помалку. На врвот е Баерн Минхен со 50 бода.

Се вчитува...