Батшуаи стана „милионер“

Напаѓачот на Челси, Мичи Батшуаи, го финализираше трансферот во редовите на Борусија Дортмунд. Белгиецот ќе биде позајмен во редовите на „милионерите“ до крајот на сезоната. Со самата преселба Батшуаи всушност ја комплетираше тројната размена помеѓу Арсенал, Челси и Борусија Дортмунд, во која влегоа и Обамејанг и Жиру.

„Мило ми е што дојдов во клуб каде ќе можам да ја остварам мојата цел, а тоа е да обезбедам место во репрезентацијата на Белгија за мундијалот. Борусија Дортмунд е вистинскиот клуб, се надевам дека ќе успееме заедно да ги оствариме нашите цели сезонава“, истакна Батшуаи.

23-годишниот фудбалер стана член на клубот од Лондон во 2016 година за сума од 35 милиони фунти, веќе втора сезона има статус на резерва кај Антонио Конте, и тоа е причината за неговото заминување. Од почетокот на оваа сезона веќе 12 пати се запиша во листата на стрелците, но повеќето од головите ги постигна во куп натпреварите за Челси.

 

Се вчитува...