Батум како Леброн – блок во последните секунди за финале на Франција (ВИДЕО)

Словенија и Франција ни прередија фантастичен натпревар во полуфиналето на Летните олимписки игри во Токио кој имаше и прекрасен крај, а херојот на „триколорите“ е Николас Батум кој во стилот на Леброн Џејмс донесе победа на својата репрезентација и борба за златен медал.

Имено, асот кој долго време настпува во НБА лигата на две секунди пред крајот на мечот ги „спушти завесите“ со блок на положувањето на Клемент Препелиќ што ќе значеше и сигурна победа на „змајчеги“.

Се вчитува...