Баварците потврдија – Нашиот избор не е Суперлигата, ЛШ е најдоброто натпреварување во светот

Германскиот великан Баерн Минхен потврди дека нема да биде дел од ново формираната Суперлига во која учествуваат 12 најмоќни тимови во Европа. Директорот на Баварците, Карл Хајнц Румениге потврди дека тимот нема намера да се придружи на Суперлигата.

„Во име на извршниот одбор на морам да го пренесам ставот дека Баерн нема да игра во Суперлигата. Баерн стои солидарно зад Бундеслигата. Од секогаш било и секогаш ќе биде големо задоволство за нас да се натпреваруваме во Лигата на шампионите како претставници на Германија. Сите радо се сеќаваме на нашето освојување на Лигата на шампионите во 2020 година во Лисабон. За Баерн Минхен, Лигата на шампионите е најдоброто натпреварување во светот“, изјави Румениге. 

 

 

Се вчитува...