Би-Би-Си: Вернер во Челси е завршена работа

Германскиот напаѓач Тимо Вернер е нов фудбалер на Челси, пренесува британскиот Би-Би-Си. Германските медиуми вчера објавија дека Вернер е близу до потпис со Челси, додека Би-Би-Си денеска потврди дека е постигнат  договор меѓу фудбалерот и клубот, само се чека Челси и Лајпциг да се договорат околу ратите за исплаќање на трансферот вреден 54 милиони фунти.

Сезонава, 24-годишникот постигна 25 гола. Во Лајпциг тој беше член од 2016 година кога пристигна од редовите на Штутгарт.

 

Се вчитува...