Беари е нов селектор на У19 репрезентацијата

Дашмир Беари, поранешниот тренер на неколку македонски клубови (Ренова, Гостивар, Дрита, Велазерими), помошник тренер во Ал Раед, Саудиска Арабија и поранешен предводник на македонската селекција до 15 години е именуван за нов селектор на репрезентацијата на Македонија до 19 години.

Новиот селектор на надежната македонска селекција ќе дебитира на клупата на Националниот тим до 19 години на силен турнир во Словенија во периодот од 1. до 7. септември. На пријателскиот турнир во Словенија, покрај нашата и домашната селекција ќе учествуваат репрезентациите на Франција, Русија, Бразил и Саудиска Арабија.

„ Ова е можност за за ново докажување и за мене, но и за сите во тимот. Благодарност до Фудбалската федерација на Македонија и тренерската организација за укажаната доверба. Селекцијата до 19 години е една од важните за македонскиот фудбал. Потенцијалот за најголеми репрезентативни достигнувања фудбалерите најчесто го добиваат преку оваа репрезентација. Ќе работам професионално и чесно. Се разбира, во соработка со сите други тренери и селектори на помлади категории сѐсо цел најдобро да го подготвиме тимот. Не очекуваат силни турнири и натпревари, но тоа е прилика за напредок на оваа генерација“, изјави Дашмир Беари.

Се вчитува...