Навивачката група „Бед блу бојс“ се огласија околу вчерашната одлука на хрватскиот фудбалски шампион, Динамо Загреб кој одлучи да го избрка целиот стручен штаб бидејќи одбија да им биде намалена платата поради кризата поврзана со пандемијата од коронавирусот.
Тие денеска излегоа со соопштение во кое го напаѓаат Мамиќ и ги повикуваат фудбалерите да им се придружат во борбата за нивниот клуб.
„Деспотски, апсолутистички принцип на управување со нашиот клуб. Повторно го покажа правото лице. Не можеше Мамиќ против својата природа, а не можеа ниту неговите полтрони против него. Сите знаеме што значеше враќањето на младиот Мамиќ на чело на Динамо. Тој човек, кој со години го осакатуваше клубот, сега е вратен и претставен како спасител, со мисија да ги извршува хировите на постариот брат кој ги прави истите „штосови“ петнаесет години. Во најголемата криза уште од војната во која поголемиот дел од луѓето се борат за личната егзистенција, клубот сопствените фудбалери и тренери ги стави на ѕидот на срамот. Фудбалерите сега имаат шанса да покажат какви се. Имаат ли чувства за клубот, за навивачите, за луѓето од нашиот град, нашата земја, кои повисоки сили ги фрлија на колена“, стои во соопштението од „Бед блу бојс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА