„Бејби – бум“ во Ливерпул точно девет месеци по чудесниот триумф над Барса

Капитенот Џордан Хендерсон и најдобриот стрелец Мохамед Салах добија деца ист ден, што секако делува како огромна случајност, и тоа точно девет месеци и еден по големиот чудесен триумф над Барселона во Лигата на шампионите. Ливерпул загуби со 3-0 на „Камп Ноу“ во првиот полуфинален меч од елитното европско натпреварување, но потоа се случи сензација и славеше со 4-0 на реваншот на „Енфилд Роуд“.

Се славеше на стадионот, а потоа и низ улиците на градот до рани зори, а очигледно дека некои фудбалери возбудата ја пренеле и во своите домови.

Сопругата на Хендерсон после две ќерки на 8 февруари роди момче, додека семејството Салах е побогато за уште едно девојче. Со оглед дека Ливерпул е се поблиску до историското освојување на титулата по пауза од три децении и ќе биде прва од постоењето на Премиер – лигата, можно е нов „бејби-бум“ да се случи во 2021 година.

 

Се вчитува...