Бејл блесна за Реал, но Асенсио сериозно се повреди (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид беа подобри од Арсенал по изведување пенали (3-2) на дуелот од Интернационалниот куп на шампионите што се одигра во Мериленд, но овој меч остана во сенка на сериозна повреда на Марко Асенсио. Тој на носилки беше изнесен од теренот и најверојатно се работи за повреда на вкрстените лигаменти на левото колено.

„Не изгледа воопшто добро. Се надеваме дека е најлошото“, изјави кусо Зинедин Зидан.

Арсенал поведе со 0-2 со головите на Александре Лаказет и на Пјер – Емерик Обамејанг, а Реал Мадрид се врати во игра во вториот дел со погодоците на Герет Бејл и на Марко Асенсио.

Се вчитува...