Бејл добива одмор против Осасуна

Зинедин Зидан продолжува да го ротира тимот на Реал Мадрид, па така за вечерашниот натпревар со Осасуна одмор ќе добие Герет Бејл.

Велшкиот ас настапи од првата минута на дуелите со ПСЖ и со Севилја, а со оглед на ланските чести проблеми со повредите, стручниот штаб реши да му даде одмор за да не ризикува со евентуална повреда и подолго отсуство.

На листата на играчи за дуелот со Осасуна го нема ниту Маријано Диаз, кој е целосно изолиран од првиот тим откако одби трансфер во летниот преоден рок. Зидан исто така не може да смета на Иско, Модриќ и на Марсело, кои се повредени.

Се вчитува...