Бејл е убеден: Вонземјани постојат, властите ги кријат од обичниот народ

Герет Бејл мора да се најде во центарот на вниманието со секоја своја изјава, тренд што продолжи и кога асот на Тотенхем беше прашан за свој коментар на тема: Дали постојат вонземјани.

Стануваше збор за едно од бројните прашања што им беа поставени на Бејл и на неговиот тимски колега Џо Родон, и додека дефанивецот беше крајно скептичен на оваа тема, „ѕвездата“ на Тотенхем изненади со ссвојот одговор.

„Јасно ми е дека постојат теории на заговор, но сме виделе слики од неидентификувани летечки објекти (УФО) објавени од Владата на САД. Дали се тие слики лажни? Мислам дека се вистински. Според мене, вонземјани постојат, 100% сум убеден во тоа, но властите ги кријат од обичниот народ. Имаме бројни докази низ годините за „УФО“, па кој ги вози тие летечки чинии, јасно е дека тоа се вонземјани“, истакна Бејл.

 

Се вчитува...