Велшкиот интернационалец Герет Бејл ја одбил баснословната понуда од Кина и уште еднаш потенцирал дека сака да остане во Реал Мадрид, иако тренерот Зинедин Зидан му порача дека нема да биде во неговите планови за првиот состав. Бејл доби луда понуда со плата од 1,3 милиони евра неделно, со која ќе станеше убедливо најплатениот фудбалер во светот во овој момент. Тој е решен да остане на „Сантијаго Бернабеу“ и да се бори за место во тимот на „кралевите“, а има договор до јуни 2022 година.
Раководството на Реал Мадрид се надева дека ќе пронајде заинтересиран клуб за да го продаде ова лето или барем да го отстапи на едногодишна позајмица и да се ослободи од неговата огромна плата.
Тимот на Зинедин Зидан отпатува за Монтреал, Канада, каде ќе ја почне претсезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА