Бејл и Дијаз отпаднаа од списокот на Анчелоти

Фудбалерот, Герет Бејл, нема да игра за Реал Мадрид во завршницата на шпанскиот Супер-куп откако не беше вклучен во експедицијата која замина за Саудиска Арабија.

Напаѓачот и натаму има болки во грбот и ќе мора да остане во шпанската престолнина. Репрезентативецот на Велс од почетокот на сезоната има одиграно само три натпревари на сите турнири. Покрај Бејл, на мечот со Барселона нема да се појави и Маријано Дијаз.

Според програмата, в среда во Ријад, Реал во полуфиналето ќе се соочи со Каталонците додека во вториот меч Атлетико Мадрид ќе игра со Атлетик Билбао. Финалето ќе биде в недела на 16 јануари.

Се вчитува...