„Бејл кај Мурињо – Тоа е најдобро решение за сите“

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон вели дека доколку Герет Бејл се врати во Тотенхем, тоа ќе ги задоволи сите страни, фудбалерот, неговиот сегашен и неговиот иден клуб.

„Вистина е дека Мурињо го сака Бејл. 2017 тој изјави дека сака да го доведе во Манчестер јунајтед, но Реал го продолжи договорот со него. Се сеќавам дека тогаш изјави, ако тој е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“ јас ќе го чекам на другата страна. Мислам дека тоа би било најдобро решение за сите“, изјави Калдерон. 

Бејл се најде на мета на критичарите поради транспарентот поради транспарентот „Велс. Голф. Мадрид“, поради што многумина веќе го гледаат на излезна врата.

Се вчитува...