Бејл: Не сум среќен во Реал, но професионалец сум

Фудбалерот на Реал Мадрид, Герет Бејл вели дека и покрај тоа што не е среќен во Реал Мадрид, тој е професионалец и дава максимум на секој натпревар на кој игра.

„Беше тешко на крајот на минатата сезона, не само за мене туку и за целиот тим. Не можам да кажам дека сум среќен, но јас играм. Кога играм јас сум професионалец и секогаш давам максимум, не е важно дали е тоа за клубот или за репрезентацијата. Ќе има уште многу турбуленции“, изјави Бејл. 

Герет Бејл и покрај сите шпекулации за негово заминување, одлично ја почна сезоната во мадридскиот клуб.

Се вчитува...