„Бејл никогаш не побара да замине од Реал Мадрид, но…“

Велшкиот ас Герет Бејл не ужива во Реал Мадрид, но никогаш не побарал да го напушти клубот тврди неговиот агент Џонатан Барнет. Од почетокот на сезоната се говори дека Велшанецот ќе го напушти клубот, а наводно имаше договор и со еден кинески клуб.

Ситуацијата кулминираше минатиот месец кога Бејл се фотографираше со велшкото знаме на кое пишуваше „Велс. Голф. Реал. По тој редослед“. И покрај бројните критики од шпанските медиуми, Бејл најверојатно нема да го напушти „Сантијаго Бернабеу“.

„Во овој момент не е луд од среќа. Има важечки договор и се додека е фудбалер на Реал ќе дава максимум за клубот. Тој никогаш не побара да замине од Мадрид. Сепак, ако стигне вистинска понуда ќе мораме да разговараме со претседателот на клубот и да видиме до каде сме“, изјави Барнет. 

Бејл го пропушти последниот тренинг, а според шпекулациите најверојатно ќе биде надвор од комбинација за настап на мечевите против Еспањол во Ла лига и Клуб Бриж во Лигата на шампионите.

Се вчитува...