Бејл никогаш нема да се врати во Тотенхем

Герет Бејл нема намера да си замине од Реал Мадрид без оглед на бројните шпекулации околу иднината на велшкиот интернационалец. Ова децидно го тврди агентот на Бејл, Џонатан Барнет, откако овој фудбалер беше поврзуван со враќање назад во Тотенхем во последниот ден од преодниот рок.

„Бејл никогаш нема да се врати во Тотенхем, можам да ви го гарантирам тоа. Мал е бројот на клубови во светот што може да си дозволи да го доведе Бејл во своите редови, а Тотенхем не е еден од нив. Тоа е најмалку важно во моментов бидејќи Герет е среќен во Мадрид, има уште две и пол години од актуелниот договор и не ни помислува на заминување“, истакна Барнет.

Велшанецот е најплатен фудбалер на „кралевите“ по заминувањето на Кристијано Роналдо. Тој не е прва опција на Зидан во напаѓачкото трио на Реал, па јасно е зошто Флорентино Перез упорно се обидува да најде купец за него. Летниот трансфер во Кина пропадна во последен момент, мина и јануарскиот преоден рок, а Велшанецот си добива милиони евра за греење на клупата на „кралскиот клуб“.

Се вчитува...