Бејл се повреди на седум дена пред Суперкупот во Скопје

Настапот на Герет Бејл на претстојниот меч од Суперкупот на Европа во Скопје против Манчестер јунајтед е сериозно доведен во прашање по повредата што велшкиот ас ја заработи во финишот од денешниот тренинг во САД. „Кралевите“ имаа лесен тренинг пред дуелот со олстар-тимот на МЛС-лигата, а Зинедин Зидан не го криеше разочарувањето откако Бејл се пожали на болка на ногата.

Велшанецот веднаш се упати кон соблекувалната и сигурно ед ека нема да настапи против олстар-тимот, а останува да се види дали за седум дена ќе успее да се рехабилитира за да може да настапи на „Телеком арена“ во Скопје против Манчестер јунајтед.

Покрај Бејл крајно неизвесен е и настапот на Кристијано Роналдо, па лесно може да се случи Реал да допатува во нашиот главен град без своите двајца најскапи фудбалери.

Се вчитува...