Бејл со хет-трик го поздрави Мурињо

Тотенхем го декласираше „фенерџијата“ Шефилд Јунајтед со убедливи 4-0, меч на кој брилијантно одигра Герет Бејл, постигнувајќи хет-трик за лондонскиот клуб. Велшанецот кој често беше критикуван од претходниот стратег Жозе Мурињо вечерва одигра одличен меч, носејќи им на „спарси“ значајни три бода во трката за излез во Европа.

Шефилд добро се бранеше се до 36. минута, кога Орие ја префрли целата гостинска одбрана, а Бејл мајсторски ја смести топката во мрежата. Гостите беа принудени да се отоврат во вториот дел, но со тоа оставија и огромен простор во сопствената половина. Погодокот на Сон беше поништен поради минимален офсајд, но тоа не беше случај со следните два гола што ги постигна Бејл.

Велшанецот потоа беше повлечен од игра, на негово место влезе Бергвајн, кој му асистираше на Сон при четвртиот гол за Тотенхем за конечни 4-0 на оваа средба.

Се вчитува...