Бејл: Тренинзите на мадридската жештина ни беа од помош

Герет Бејл повторно доби шанса во стартниот тим од Зинедин Зидан и велшкиот ас уште еднаш не се прослави, играјќи далеку под своите можности. Сепак, на крајот најважен е конечниот резултат и новиот трофеј во „кралската колекција“.

Секако дека е прекрасно што на секој следен меч додаваме по некој трофеј. Не беше лесно да се игра против Јунајтед, но мислам дека добро го контролиравме ритамот. Ни помогна што трениравме на мадридската жештина, па температурите во Скопје немаа толкаво влијание врз нашиот настап. Освоив нов трофеј со Реал, со нетрпение ги очекувам новите сезони во Примера и во ЛШ, без оглед на новинарските пишувања јас немам намера да си заминам одовде“ – истакна Бејл.

Се вчитува...