Бејтулаи: Верувам во позитивен резултат и на реваншот против Арарат

Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија го одработи официјалниот тренинг во Ерменија пред утрешниот натпревар против Арарат во реваншот од 1. квалификациско коло во „најмладото“ европско фудбалско натпреварување, Конференциската лига.

Тетовци ќе имаат за задача на реваншот да ја одбранат позитивата од два гола по првиот натпревар одигран на „Тодор Проески“ арената минатиот четврток. Капитенот на тимот, Егзон Бејтулаи вели дека се подготвени за предизвикот наречен Арарат. 

„Комплетно сме подготвени за утрешниот натпреварот со Арарат. Верувам дека сите ќе го дадеме максимумот и ќе оствариме позитивен резултат. Шкендија секогаш игра на победа и сака позитивен резултат во европските натпреварувања. Минатата година ја оставаме зад нас и се надеваме дека оваа година ќе ги повториме времињата кога во Скопје донесовме големи европски клубови. Мислам дека сме подготвени за ова“, изјави Бејтулаи.

Мечот меѓу Арарат и Шкендија е закажан за утре со почеток во 17 часот.

Се вчитува...