Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам верува дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер заслужува пофалби за работата која ја врши во клубот. „Црвените-ѓаволи“ во моментов се на петтата позиција на првенствената табела, а и понатаму се во игра за трофеите во ФА купот и Лигата на Европа.
„Сметам дека Солскјер врши добра работа во Јунајтед. Ја презема одговорноста и се докажа. Секога има само заборови на пофалба кога се во прашање фудбалерите. Никогаш не би критикувал свој фудбалер и мислам дека тоа го има наследено од Сер Алекс. И понатаму учи, но подготвен е по секоја цена да ги заштите играчите и клубот. Сигурен сум дека има поддршка од навивачите поради се што направи за тимот“, изјави Бекам.
Јунајтед вечерва го дочекува Бриж во реванш дуелот од шеснаесеттина финалето во Лигата на Европа, а првиот натпревар одигран во Белгија заврши без победник 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА