Бекам откри долго чувана тајна – Манчестер ме продаде, но не во Реал Мадрид

Легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам за Би-Би-Си откри дека Манчестер Јунајтед во 2003 година го продаде во Барселона, но дека тој одбил да премине на „Камп Ноу“. Тој на крајот заврши во Реал Мадрид, а откри се што се случуваше во летото 2003 година.

„Чув гласини како сакаат да ме продадат. Бев на одмор во САД со Викторија и пријател ми јави како „Скај спортс“ објавува дека Јунајтед се договорил со Барселона. Веднаш му кажав не може тоа така, бидејќи јас за тоа ништо не знам. Веднаш заминав за Лондон. Разговарав со нив и им реков дека ако морам да заминам тоа мора да биде само Реал Мадрид. Се сретнав со претседателот Флорентино Перез и се веќе беше договорено“, изјави Бекам. 

Бекам четири години помина на „Сантијаго Бернабеу“ каде одигра 155 натпревари на кои постигна 20 гола.

Се вчитува...