Беќири: Вардар е голем фаворит, но ќе се обидеме да го изненадиме

Шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум, Јетон Беќири очекува тежок натпревар на гостувањето против Вардар за неговиот тим во 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Но, Беќири е сигурен дека може да парираат на „црвено-црните“ во желбата и да го изненадат фаворитот.

„Вардар игра во одлична форма последните неколку натпревари, по лошиот старт. Но, и покрај тоа што знаеме дека ја носи фаворитската улога во Скопје патуваме желни за максимално надигрување и борба да се дојде до позитивен резултат. Ќе ни недостасуваат и суспендираните Тафа и Касами, но верувам дека секој кој ќе настапи ќе го даде максимумот на терен“ – вели Беќири.

Натпреварот меѓу Вардар и Струга Трим Лум се игра утре (14. септември) на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје со почеток од 15:30 часот.

Се вчитува...