Беласица ги потпиша Јордановски и Реџепи

ФК Беласица потпиша две нови засилувања со кои ја подобри дефанзивата. Станува збор за Кристијан Јордановски и Ахмет Реџепи.

23-годишниот Јордановски во Струмица доаѓа од Слога Виница, а во минатото бил член и на Тетекс, Плачковица, Пехчево, Брегалница Штип, Вардр и Македонија Ѓ.П, додека пак Реџепи (21) настапуваше за екипите на Беса, Шкупи, Њу Старс и Металург.

Maкедонскиот фудбалски второлигаш пред неколку дена одбележа голем јубилеј, сто години од своето постоење, па со сигурност ќе сака да го круниса со кам-бек во ПМФЛ.

Се вчитува...