Беласица и Плачковица ремизираа на првиот тест од зимските подготовки

Лидерот по есенскиот дел во Втората лига – Исток, екипата на Беласица ремизираше (1-1) со Плачковица на првиот пријателски натпревар низ зимскиот подготвителен циклус.

Радовишани, под водство на новиот тренер Љупчо Димитковски – Гањо, поведоа со погодокот во 35. минута од средбата, но Беласица израмни со голот на Мартин Мирчевски во второто полувреме за конечни 1-1.

Се вчитува...