Беласица: Нашите амбиции се влез во Првата лига

Лидерот на табелата во Втората лига Исток, тимот на Беласица се огласи со соопштение во пресрет на утрешниот состанок на клубовите и ФФМ и разговорите за продолжението на фудбалската сезона. Беласица потенцира дека има амбиции да игра во Првата лига следната сезона и тоа го заслужува според позицијата на табелата.

„Во пресрет на долгоочекуваната одлука на ФФМ за иднината на фудбалската сезона 2019/20, ФК Беласица сака да се произнесе пред целата јавност за целосната ситуација.
Уште на почетокот на сезоната, ФК Беласица имаше зацртано само една цел и амбиција, директен пласман во ПМФЛ. Во текот на цела сезона, до прекинот на првенството во март поради пандемијата со COVID 19, се наметнавме како лидери и тој успех не може Никој ниту да го оспори ниту да го негира, иако поголемиот дел од медиумите не не ставаа во “кошот” на фаворити. Со оглед на “шпекулациите” што кружат низ фудбалската јавност, дека ФК Беласица не сака да влезе во ПМФЛ, иако е на прво место цела сезона, ние сакаме да ги демантираме овие гласини и го заземаме следниот став:

ФК БЕЛАСИЦА ИМА АМБИЦИИ ЗА ВЛЕЗ ВО ПМФЛ. Па така, доколку првенството продолжи, НИЕ ќе го потврдиме тоа. Во спротивно, доколку Управното тело на ФФМ се одлучи за било какво друго решение, се надеваме дека ќе донесе фер и коректна одлука со која ќе бидат задоволни сите фудбалски клубови“, се вели во соопштението на ФК Беласица.

Се вчитува...