Беласица ремизираше со бугарскиот прволигаш Царско село

Струмичка Беласица ремизираше (2-2) со бугарскиот прволигаш Царско село на пријателскиот натпревар кој се одигра на националниот спортски комплекс „Бојана“ во Бугарија.

Струмичани по првиот дел имаа негатива од 2-0, но успеаја во вториот дел со далеку подобра игра и голови во 48. и во 57. минута да дојдат до конечни 2-2.

Стрелци на головите за Беласица беа Милушев во 47. минута од пенал, и Зоран Ивановски во 58. минута од средбата.

Се вчитува...