Белгија без Доку на мегдан со Иран

Белгија ќе биде значително ослабена за вечерашниот дуел со Иран откако „црвените ѓаволи“ објавија дека Џереми Доку нема да му биде на располагање на селекторот Гарсија за овој натпревар.

Претходно беше најавено дека Доку би можел да добие слободно за да присуствува на раѓањето на своето прво дете, но од белгискиот камп сега пристигна различна информација – асот на Манчестер Сити во последните денови имал респираторна инфексија поради што му е препорачано целосно мирување.

Белгијците се надеваат дека тој би можел да се опорави за последниот меч од групната фаза против Нов Зеланд, или во најлош случај да биде максимално подготвен за стартот од нокаут фазата на овој светски шампионат.

Џереми Доку досега има одиграно 44 натпревари за белгиската репрезентација, притоа постигнувајќи седум погодоци.

Се вчитува...