Белгиската репрезентација доминираше и ги победи САД со 4-1 во осминафиналето на Светското првенство, но оваа победа остави последици. Амаду Онана се повреди за време на дуелот со Пулишиќ, веднаш го зграпчи десното колено и не можеше да го продолжи дуелот.
Веднаш изгледаше сериозно, а сега согласно извештаите, играчот оде средниот ред нема да може да игра до крајот на Мундијалот, но нема да биде во комбинација ниту поголем дел од новата сезона.
Онана е човек кој заврши огромна работа на средниот ред, тој е одличен „мотор“, човек кој е исклучително важен во белгискиот систем и без него проблемите против Шпанија ќе бидат многу видливи.
Во текот на својата кариера, Онана го носеше дресот на Хофенхајм, Хамбургер Лил, Евертон и Астон Вила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
