Многу прашина крена поништувањето на суспензијата на Фоларин Балогун од САД, кој и покрај тоа што беше исклучен на мечот со Босна и Херцеговина, ќе може да игра во 1/8 финалето против Белгија.
ФИФА изненадувачки се реши да му ја поништи суспензијата, а фудбалскиот свет и белгиските медиуми се „огрочени“ од скандалозната одлука, во која сметаат дека се замешал и американскиот претседател Доналд Трамп.
Оваа недела, Дисциплинската комисија на ФИФА објави, на изненадување на сите, промена во санкцијата за Балогун . Автоматската забрана од еден натпревар беше променета во „веројатна суспензија од еден натпревар со едногодишна пробен период“. Проблемот е што, според дисциплинскиот правилник на ФИФА, црвениот картон води до „автоматска суспензија за следниот натпревар“.
Случајот брзо се претвори во скандал кога американскиот печат откри дека американскиот претседател Доналд Трамп, кој долго време се фалеше со своето пријателство со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, му се јавил за да побара преиспитување на казната на напаѓачот.
„Со Балогун, ФИФА го убива фудбалот“, стои во насловите на белгиските медиуми денеска.
Селекторот Руди Гарсија, пак, после натпреварот кажа дека ова е првоаприлска шега среде јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
