Белгиска школа за фудбал – „контра пет на три“ од учебници

Белгија постигна гол во последните секунди, тоа го видоа сите, но победничкиот погодок на Чадли беше вистинска школа за фудбал.

Акцијата почна по корнерот на противникот, по што Белгијците отворија атомска контра „пет на три“. Многу им помогна што топката беше кај Де Бруине, кој одлично проигра во десно, но мора да се истакне огромниот придонес на Лукаку, кој најпрвин го повлече кон средината противничкиот дефанзивец, оставајќи ја празна целата страна, а потоа ја пушти топката да му мине низ нозете, овозможувајќи му лесна реализација на Чадли.

Школа за фудбал, нема што…

Се вчитува...