Белгиската репрезентација не успеа да го скрши отпорот на Иран во натпреварот од второто коло од групната фаза на Светското првенство во 2026 година, а по натпреварот, зборовите на селекторот Руди Гарсија го привлекоа вниманието на јавноста.
Многумина очекуваа дека Гарсија ќе биде незадоволен по новиот неуспех на неговата селекција, но овој стручњак изненади со својата изјава по натпреварот.
„Не ме интересира резултатот, повеќе ме интересира што покажавме на теренот. Го видов карактерот на тимот и многу добри работи што можеме да ги пренесеме во следните натпревари“, рече белгискиот селектор по натпреварот.
Неговите зборови предизвикаа бројни негативни реакции кај белгиските навивачи, кои веруваат дека репрезентацијата со ѕвезди како Ромелу Лукаку едноставно мора да победува на вакви натпревари.
Во последното коло, Белгија ќе игра против Нов Зеланд како голем фаворит и едноставно ќе мора да победи на тој натпревар ако сака да оди понатаму.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
