Белингам искрено за ситуацијата во Реал: „Секој ден се плашам…“

Џуд Белингам е новата огромна ѕвезда во Реал Мадрид по пристигнувањето ова лето во шпанскиот фудбал.

Англичанецот на 17 натпреварот во кралскиот дрес сезонава досега има 15 гола поделувајќи и четири асистенции. Имаше и една мала повредата, па може слободно да се каже дека ефектот сигурно ќе беше и подобар.

Белингам во разговор за „Мундо депортиво“ откри искрено како се чувствува во моментов во Мадрид.

„Сонувам, секој ден стравувам некој во секој момент да не ме разбуди. Премногу сум среќен што сум играч на Реал Мадрид, и не сакам овој сон да заврши. Моја цел е да освојам многу трофеи со Реал и репрезентацијата на Англија“ – вели Белингам и дополнува:

„Одам полн елан на секој тренинг затоа што сакам да бидам уште подобар, а Реал Мадрид ми ја даде најголемата можност тоа да го постигнам. Сакам да направам се што е во моја моќ да му помогнам на тимот да победува“.

Се вчитува...