Белингем доби нов удар на егото од селекторот Тухел

Џуд Белингем можеби е една од ѕвездите во дрим-тимот на Реал Мадрид, но тоа нема преголемо значење кај англискиот селектор Томас Тухел кој очигледно нема превисоко мислење за поранешниот ас на Борусија Дортмунд.

Тухел целосно го игнорираше Белингем во октомвриските квалификации, во ноември тој се најде на списокот на селекторот, но Тухел повторно го повреди егото на „ѕвездата“ на Реал со одлуката да го остави Џуд на клупата за резерви за вечерашниот меч со Србија.

Медиумите најавуваа дека Белингем ќе биде играчот за поддршка на Хари Кејн кој повторно ќе биде предводник на нападот на „гордиот албион“, но селекторото имаше поинаков план, давајќи му предност на Морган Роџерс од Астон Вила пред „ѕвездата“ на Реал Мадрид.

Англија вечерва ќе стартува со: Пикфорд, Џејмс, Конса, Стоунс, О’Рајли, Андерсон, Рајс, Роџерс, Сака, Рашфорд, Кејн.

Се вчитува...