Белингем е играч на сезоната во шпанската Ла Лига

Џуд Белингем, играчот на Реал Мадрид во својата дебитантска сезона, е прогласен за играч на сезоната во шпанската Ла Лига.

Англичанецот од Борусија Дортмунд на почетокот на сезоната се пресели на „Сантијаго Бернабе“, и беше најзаслужен за освојување на титулата на „кралевите“. Тој во сезоната постигна 19 голови, а запиша и шест асистенции во својата прва година како член на Реал Мадрид.

Успехот Англичанецот може да го круниса на 1. јуни кога неговиот тим игра во финалето против Борусија Дортмунд, неговиот поранешен клуб.

Се вчитува...