Белорусите со супер-пресврт ја добија Финска, Словенците сигурни против Турција

Одбојкарската репрезентација на Македонија имаше слободен ден, но останатите селекции ги играа натпреварите од третото коло во групата Ц во Љубљана. Нашиот утрешен ривал, селекцијата на Белорусија, направи супер – пресврт и по два сета негатива успеа да слави со 3-2 на дуелот против Финска.

Финците ги освоија првите два сета со 25-13 и 25-17 и никој не помислуваше дека Белорусите имаат сили за пресврт. Но, токму тоа се случи. Следните три сета им припаднаа на белоруските одбојкари (30-28, 25-22, 15-13).

Домаќинот Словенија со 3-0 ја совлада Турција во вечерниот термин во „Стожице“. Голема борба имаше во првиот сет, а Словенците го добија со 30-28, во вториот славеа релативно лесно (25-16), а во третиот иако имаше неизвесност го комплетираа со 25-23.

Се вчитува...