Белоруската атлетичарка пристигна во Полска после одбивањето да се врати во Белорусија уплашена дека ќе заврши во затвор

Белоруската атлетичарка Кристијан Циманускаја допатува во Варшава откако одби да се врати во својата татковина од ЛОИ во Токио.

Полска на неа и на нејзиниот сопруг им одобро хуманитарни визи.

„Уморна е премногу. И треба одмор, но среќна е што во Полска каде ќе биде безбедна“ – потвдрија од министерството за надворешни работи на Полска.

На аеродромот во Варшава беше дочекана од некои нејзини сонародници со каранфили и знамиња во црвено-бела боја, а порачаа дека се тука само да ја поддржат атлетичарката која ја само ја соопшти вистината за тоа што се случува во белорускиот спорт.

Циманускаја откако отворено проговори за постапките на тренерот на својот тим веднаш доби одлука за враќање во Белорусија. Но, одби да се врати во татковината алармирајќи го светот преку видео-порака од аеродромот во Токио, потоа минувајќи две ноќи во полската амбасада во Јапонија пред да долета во Варшава преку Виена.

Белорускиот олимписки комитет претходно соопшти дека нејзините тренери одлучиле да ја вратат дома поради психолошката состојба во која се нашла. Потоа ја префрлиле на аеродром каде одбива да се качи во авионот за Истанбул обраќајќи се до јапонската полиција и молејќи за помош. Меѓународниот олимписки комитет веднаш отвори официјална истрага за случајот утврдувајќи дека Белорусија присилно сакала да ја врати својата олимпијка назад во Минск.

Се вчитува...