Белоруската олимпијка која избега од присилна депортација ќе трча за Полска

Белоруската атлетичарка Кристина Цимановскаја, која избегна присилна депортација од Токио во Минск поради јавни критики кон стручниот штаб на белоруската атлетска федерација и заврши како азилант во Полска, во иднина ќе настапува за својата нова татковина, објави таа.

Цимановскаја избегна депортација откако на аеродромот каде ја донеле членовите на федерцијата за да ја качат на лет за Истанбул, а оттаму за Минск, успеала да им избега и да побара помош од јапонската полиција, а потоа доби „хуманитарна виза“ преку полската амбасада за да замине за Варшава преку Виена.

Дипломатскиот скандал кој се случи за време на ЛОИ во Токио сега завршува со одлуката на Белорусинката да трча за Полска, која ја прифати, а оваа земја има најголем број на активисти од Белорусија кои се против режимот на Александар Лукашенко, досега единствениот претседател на оваа земја од распадот на поранешниот Советски сојуз.

„Ќе се обидеме да го смениме мојот спортски пасош со цел да можам да се натпреварувам за Полска. Донесов одлука да останам во Полска и да се натпреварувам под знамето на оваа земја“, објави Белорусинката.

Оваа атлетичарка пред Токио ја критикувала и белоруската власт.

Се вчитува...