Андреа Белоти вчера постигна гол за Торино во дуелот со Јувентус, со кој неговиот тим дојде до еден бод во торинското дерби. Италијанските медиуми веќе шпекулираат дека на лето заминува, и тоа како слободен агент со оглед дека му истекува договорот со неговиот клуб.
Тој пред неколку месеци ја одби понудата од Зенит, а веќе беше во плановите на Фиорентина како замена за Влаховиќ, но на крајот „виолетовите“ се одлучија за Пјонтек.
„Не знам што ќе се случува. Ако ова беше мое последно дерби за Торино, тогаш јас сум горд на мојот настап“, изјави Белоти.
Белоти се поврзува со трансфер во Милан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА