Белоти ќе паузира еден месец

Напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, ќе паузира еден месец од фудбалските терени откако се повреди на вчерашниот меч против Верона во Серија А. Тој заработи повреда на лигаментите на десното колено, а денешните медицински прегледи покажаа дека ќе треба да паузира 30 дена. Лекувањето ќе биде со конзервативен третман, а Белоти најверојатно ќе пропушти четири натпревари на својот тим во Серија А, проти Кротоне, Рома, Фиорентина и против Калјари.

Белоти поради повредата го откажа и учеството во репрезентацијата на Италија на последните два квалификациски натпревари од циклусот за СП 2018, против Македонија и против Албанија.

Се вчитува...