Бен Арфа ќе му се приклучи на Валјадолид

Францускиот интернационалец Хатем Бен Арфа по пауза од шест месеци повторно му се враќа на фудбалот. Тој склучи договор со шпанскиот прволигаш Валјадолид и по медицинските прегледи ќе потпише договор до крајот на сезоната.

Бен Арфа паузираше во првиот дел од сезоната откако претходно се раздели со францускиот клуб Рен.

Валјадолид се наоѓа на 16.позиција на табелата во Ла Лига и ќе се обиде да избори опстанок во шпанската фудбалска елита.

Се вчитува...