Бен Чилвел пристигна на „Стемфорд бриџ“: Возбуден сум што ќе бидам дел од тимот што поседува огромен талент

Левиот бек на Лестер, Бен Чилвел, и официјално потпиша договор со Челси и имаше презентација на „Стемфорд бриџ“. Тој се приклучува на тимот на Франк Лампард, а неделно во новиот клуб ќе заработува фантастични 150.000 фунти. Лестер доби отштета од 50 милиони фунти.

„Едвај чекам да бидам дел од овој млад што поседува огромен талент и го предводи Френк Лампард. Се надевам дека ќе се бориме за титулата во Премиер-лигата следната сезона“, изјави Бен Чилвел.

Се вчитува...