Бенфика го слави Борко Ристовски

Борко Ристовски е херојот на Бенфика откако македонскиот голман му помогна на својот тим да се пласира во групната фаза од ЕХФ-купот, елиминирајќи го хрватскиот вицепрвак Нексе.

Тимот на Нексе на првиот меч славеше со 30-26, но Бенфика одговори со иста мерка на денешниот реванш во Лисабон, триумфирајќи со 28-24 и пласирајќи се во следната фаза благодарение на повеќе постигнати погодоци на гостински терен. Ристовски постигна гол од својот шестерец за водство од 15-11, прва предност од четири погодоци за Бенфика.

Македонскиот голман сепак најдоброто го сочува за самиот крај, бранејќи пенал на четири секунди до крајот, по што се најде во прегратките на соиграчите по осигураниот пласман на својата екипа.

 

Се вчитува...