Бенфика ја носи „гол-машината“ на Шахтјор

Бенфика е на добар пат да осигура големо засилување за наредната сезона, откако португалскиот вицепрвак ги финишира преговорите за ангажман на одличниот голгетер на Шахтјор Доњецк, Факундо Фереира.

Аргентинскиот напаѓач лани беше клучен играч во навалната линија на Шахтјор, но ја одби понудата на украинскиот првак и летово стана слободен играч, достапен за трансфер без никаква отштета. Понуди за неговите услуги испратија десетина екипи ширум Европа, но челниците на Бенфика се убедени дека ќе излезат како победници од оваа трка.

Фереира ќе добие бонус од четири милиони евра при самиот потпис на петгодишниот договор, а Аргентинецот во Лисабон ќе има плата од 2,2 милиони евра по сезона. Доаѓањето на овој фудбалер ќе значи и заминување на Харис Сеферовиќ, кој не ги оправда очекувањата во изминатата сезона во дресот на Бенфика.

Се вчитува...