Енцо Фернандез блесна на Светското првенство во Катар каде го доби признанието за најдобриот млад играч на Мундијалот, а со тоа и го привлече вниманието на евроските великани кои влегуваат во „битка“ за негов потпис.
Голем интерес за 21-годишникот покажа Ливерпул кој е подготвен да издвои до 100 милиони евра, но „црвените“ сега имаат лут ривал за противник. Тоа е Манчестер Јунајтед кој по секоја цена го сака Аргентинецот во својот среден ред па е подготвен да ја активира откупната клаузула од 120 милиони евра со цел лесно да се справи со конкуренцијата.
Интересно, Фернандез ја засили Бенфика изминатото лето за само 12 милиони евра од Ривер, а португалскиот состав за едно полусезона е на прагот да зараобти десет пати повеќе за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА